Се клинчи.

Здраво!

Како што гледате новиот сајт е веќе во изработка и го клинчиме. Години наназад пробувавме да најдеме некое веб решение кое би функционирало на сува карпа и на мраз па конечно донесовме одлука тоа да биде ова што го „гледате“. Бар не сеуште.

Алпинистичкиот клуб Матка како најголема школа за алпинизам ќе биде најголемиот и најдобриот гласник за алпинизам на интернет просторот од денеска па натака. Клинчиме секојдневно по некој линк и нови галерии кои ќе бидат достапни во наредниве денови и ќе може да се превземат новости и фотографии. Се во свое време.

Беше повеќе и од потребно да се направи промена на стариот и одличен сајт кој не служеше со години наназад. Фала ти „стари“.

Light, fast и едноставен сајт.

Поздрав,

Здравко.

Leave a Reply

*