Солунска Глава

Во почетокот на месец септември се направија низа искачувања на членови на АК Матка на различни локалитети низ Македонија а не беа евидентирани на сајтот поради неговата нефункционалност. Тоа се промени. Како најзабележливи беа неколкуте искачувањата на Солунска Глава или пополарно наречените Нежилови стени направени од страна на нашите членови.  Беа искачени насоки со должина од 400 метри па нагоре во источниот дел на карпата и јужниот (покомпактен дел). Важноста на овие искачувања е голема со оглед на фактот дека се работи за сериозни и комплексни качувања, а Солунска Глава може да ја искачуваат само добро подготвени алпинисти. Конечно овој локалитет почнува да го заслужува она што е потребно и да не биде игнорирана како што тоа беше случај досега.

Овој месец исто така се посети и локалитетот „Плоча“ каде што помладите од клубот имаа шанса да „набијат“ километража и да почнат со водење на повисоки алпинистички скалила.

Во продолжение следуваат и низа на фотографии.

Leave a Reply

*