Патишка – Солунска – Патишка
|
Пред точно две недели (03.12.2011) за време на меморијалниот собир на Солунска Глава (4 Алпинисти), во нивна чест Алпинистички Клуб Матка реши да го изведе маршот преку Патишка Река со цел за подобро запознавање на теренот и многу поефикасен тренинг. Целта беше да се изведе наменски тренинг и тоа во неколку сфери : -Ноќевање на висока планина Моделирање и планирање на тренингот на планина како и општите принципи на подготовка пред заминување на планина се од суштинско значење па затоа го искористивме овој сув период од годината, пред да паднат првите снегови и да се зголеми значително опасноста од лавини. Движењето одприлика одеше преку Патишка река (955), Остри Врв (2,263), Убава (2,352), Шилегарник (2,114), Солунско поле (2,097), Солунска глава (2,538) -Поради лоша конотација нагласувам дека стигнавме на еден час пред врвот Солунска Глава, таму преноќивме и назад се вративме изутрината поради јак ветер, видливост и лоши временски услови. Здравко Спасев |
Riki bravo samo napred , veruvam vo idnina zaedno ke iskaceme nekoj vrv pa makar i Mont Everest da e……..